Procitah za vas u skopskom Veceru:,,„Македонија треба да биде во НАТО. Договорот со Бугарија исто така треба да се почитува. Историските извори од минатите векови докажуваат дека стотици години до 1944 година во географската област Македонија бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределувале како Бугари. Цар Самуил е бугарски цар на бугарското царство. Григор Прилчев е Бугарин. Нема можност за маневрирање, компромиси или какво било друго превртување.
Сегашното самоопределување како етнички Македонци на дел од граѓаните на Република Македонија е исто така факт, кој што треба да се почитува, но не може да се дозволи подбивање со нашите предци”, напиша Ковачев на неговиот Фејсбук профил.

Бугарската ТВ Европа го пренесува ставот и на Каракачанов и на Ковачев, но јавува и дека Ковачев телефонски разговарал и со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров и апелирал „Скопје да се придржува до историските факти”.

Comments